Зибери: Ќе воведеме социјална пензија за сите жени кои немаат ниту еден ден работен стаж

Од:

Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска во паркот Чаир претстави една од своите заложби за првите 100 дена како Премиер. Тој денеска им се обрати на пензионерите, истакнувајќи ја посебно вредноста на сите жени кои придонеле многу за надградбата на ова општество, а кои во исто време не создале приход како пензија, затоа што нивната работа никогаш не била официјална.

-Јас како прв премиер Албанец, сакам да се осигурам дека дури и оние кои никогаш немале службено работно место, но придонеле подеднакво, па дури можеби и повеќе од кој било од нас, нема да останат со празни раце. Зборувам за оние што честопати се забораваат – за нашите мајки и баби кои работеле еднакво посвететно како и ние мажите кои нѐ одгледуваа и поддржуваа, а кои што не добиваат државна пензија бидејќи нивната работа никогаш не била официјална, потенцираше Зибери.

Тој додаде дека една од неговите први активности како премиер ќе биде да се воспостави социјална пензија за сите жени кои досега немале можност да остварат право на работна пензија.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис