Живко Мукаетов почесен конзул на Кралството Норвешка во Македонија

Од:

Денеска во просториите на „Алкалоид“ АД Скопје на локалитетот во Автокоманда официјално почна со работа Конзулатот на Кралството Норвешка.

За конзул на Кралството Норвешка во Скопје е назначен г. Живко Мукаетов, кој, исто така, функцијата Генерален конзул на Кралството Данска ја извршува веќе 16 години.

По повод отворањето официјално обраќање имаше г. Еивинд Вад Петерсен, Државен секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, кој ја истакна важноста на соработката меѓу двете земји нагласувајќи:

„Да се потсетиме дека силата лежи во единството и дека напредокот се постигнува преку заеднички потфати. Почесниот конзулат на Норвешка во Скопје нека биде основа за нашето пријателство да продолжи да се развива и нашето партнерство да го издржи тестот на времето“.

На пригодната свеченост присуствуваа претставници од надредената Амбасадата на Норвешка во Белград, претставници на дипломатско-конзуларниот кор, претставници на Владата на Република С. Македонија, како и претставници на бизнис-заедницата и на медиумите.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

Мукаетов на 25. конференција на македонската берза: Мал пазар, голема можност

А1он

Хуманоста како традиција: „Алкалоид“ со нова донација за здравјето на најмладите

Почина норвешкиот крал Харалд

Тешка сообраќајка во Норвешка, се преврте туристички автобус, има повредени

Пожар во Норвешка уништи повеќе од 100 куќи, огнената стихија е надвор од контрола