Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Од:

Трет ден по ред екипите на ЕВН не можат да влезат во село Слупчане поради блокадите на локалните жители кои дури им се закануваа по живот додека се обидуваа да започнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.

Толпа од 200 жители на организиран начин го блокираа влезот на селото и не им дозволуваа на екипите на ЕВН да работат.

Наводно, жителите биле подготвени да си ги платат долговите кон ЕВН, но не и каматата на каматата, како и да им се простат долговите на семејствата со социјална помош.

Демонстрантите бараат однапред да се инвестира во електричната мрежа и да се намали цената на струјата за домаќинства.

Блокирани се и влезовите на село Оризаре и село Ваксинце, а мештаните најавија дека блокадите ќе продолжат и во следните денови.

“Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа.” информираат од ЕВН.

Оттаму дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 GWh. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се напплаќа.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните