Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Од:

Во општина Сарај почна еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како една од мерките за борба против аерозагадувањето.

Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје ги предаваат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај“. Акцијата трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре.

Пунктот за предавање печки во средното училиште „Сарај’ денеска го посетија Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

– Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации. Правиме пресек на процесот на субвенционирање и заради транспарентност на реализацијата на повикот и заради подобро информирање на граѓаните за суштината на овој повик и очекуваните резултати. – рече Шилегов.

Тој напомена дека во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Би можело да ве интересира

Мировниот план на Трамп за Иран ги намали цените на нафтата

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време

Техеран го демантира Вашингтон: Прават „психолошки трик“, немаме залихи на нафта во меѓународни води

ВИДЕО: Ирак прогласи виша сила на странски нафтени полиња поради блокадата во Ормутскиот тесенец

ВИДЕО: САД ги укинуваат санкциите за иранската нафта што моментално е во транзит

Катерина Ѓуровски

Голем скок на цената на гасот во Европа, раст и на нафтата