Жителите на Кисела Вода што аплицирале за инвертери викендов треба да ги предадат старите печки

Од:

Жителите на општината Кисела Вода што аплицирале за субвенции за набавка на инвертери и добиле електронска порака од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и в недела) ќе може да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски – Дрен“.

Акцијата ќе се спроведува од 10 до 16 часот, информираат градските власти.

„Во Град Скопје пристигнаа 5.000 апликации, а од општината Кисела Вода се пристигнати 787 апликации на овој јавен повик. Изминатите викенди ваква акции за предавање на старите печки што користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима-уреди за затоплување се организираа во општините Сарај, Шуто Оризари, Карпош, Гази Баба и во Аеродром“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека во наредните две години, во согласност со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција за да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година