Жителите на Гази Баба и Аеродром кои аплицираа за инвертери од денеска до недела ги предаваат старите печки

Од:

Жителите на општините Гази Баба и Аеродром што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје во текот на продолжениов викенд ( од денеска до недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во Вардариште. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, соопшти Град Скопје.

Во Град Скопје, како што информираат, до вчера се пристигнати 4.800 апликации, а само од општините Гази Баба и Аеродром се пристигнати над илјада апликации на овој јавен повик.

Изминатите викенди, ваква акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување се организираа во општините Сарај, Шуто Оризари и Карпош.

– Значајно е да се нагласи дека во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства, наведуваат од Град Скопје.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфати граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември 2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните можеа да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

– Целта на јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди е да се придонесе за намалување на аерозагадувањето во Скопје преку намалување на бројот на оџаци кои чадат заради загревање на домовите во текот на грејната сезона, односно во зимскиот период, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Затворен огласот за ваучер за клими поради преголемиот број на апликации

Орце Костов

Турканци за клими пред Министерството за економија, до денеска 2.500 апликации

Катерина Ѓуровски

Гужви за ваучери за клими: Над 500 барања пристигнати првиот ден во Министерството за економија

Орце Костов

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ