Педесет и осумгодишниот Зоре А. од Македонски Брод вчера околу 15:30 часот починал од струен удар.
Како што информира полицијата Зоре А. вчера во местото Трибино се качил на далекувод, допрел жица, при што паднал на земја и од здобиените повреди веднаш починал. Смрт е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.