Жител на Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Од:

Триесет и осумгодишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6.25 часот.

– Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј.(38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он