Жестока препирка меѓу Костадинов и Ѓорчев

Од:

Истиот ли е овој Влатко Ѓорчев што до пред некој месец викаше дека ги чувал таблите со „Република Македонија“, со оној од пред неколку дена што скокаше од место кога се ратификуваше протоколот за НАТО и заедно со нас излезе надвор да гледа како се крева знамето на Република Северна Македонија пред Собранието, рече пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на собраниската дебата за разрешувањето на министерката Рашела Мизрахи.

Толку цврсто не уверувате дека ќе го вратите името, дека ќе го поништите Преспанскиот договор, а немате проблем да потпишувате такви работи под името Свеерна Македонија. Одлучете се – како Северна Македонија не е проблем кога треба да одите во Америка, а проблем е кога треба да се влезе во НАТО или ЕУ, му рече Костадинов на Ѓорчев.

Ѓорчев обвини дека земјава станува „заевистан“.

-Доаѓа моментот кога на оваа ненародна власт треба жестоко да и се врати преку гласачка кутија, политички процес и да биде жестоко казнета за се она што и го приредува на Македонија, на денвна основа национално понижување, корупција и пљачкосување, процеси кои ги немаме видено со години, децении и векови. Влада без поддршка од народ прогонува луѓе зашто рекле Македонија и зашто зад себе имале натпис „Македонија“, рече Ѓорчев

Драган Цуклев порача дека премиерот Оливер Спасовски има ушпте време да го повелече предлогот за разрешување на Мизрахи.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ ги осудува изјавите на „маргинален проруски политичар во Бугарија“

Изјавата на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија е недолична и злонамерна, реагира МНР

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ги осудувам иредентистичките изјави на Костадинов, очекувам реакција од официјална Софија и ЕУ

Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија кон Бугарија

Катерина Ѓуровски

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

Костадин Костадинов: Водата во Струмица е безбедна за пиење!

А1он