Жесток говор на омраза на социјалните мрежи: Бесилка за Зоран Заев порачуваат поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Бесилка за Зоран Заев, вербална и визулена агресија на социјалните мрежи од активисти и партиски поддржувачи ја згрози јавноста уште пред почетокот на изборната кампања.

Иако постојано се потенцира дека атмосферата и пред изборите треба да биде фер и демократска а говорот на омраза не е дозволен, вчера на социјалните мрежи се појави фотографија на која лидерот на СДСМ е ставен на бесилка. Фотографијата е објавена на фејсбук профилот на извесен Тони Атанасов кој според редовните постови со слична содржина очигледно е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ.

На својата страница тој редовно постира и фотографии и видеа од лидерот на партијата Христијан Мицкоски и други членови на партијата. Посебен поддржувач и симпатизер е на Александар Николовски со кого е фотографиран.

Паралелно се поставуваат билборди кои укажуваат на ниската политичка култура и кои се најава за можеби најпримитивна кампања досега.

Поставен е билборд со ликот на Зоран Заев и ташна во раката Луи Витон со напис „Еден се богати-два милиони осиромашуваат“. Тоа е само продолжение на подарокот новчаник Луи Витон во манир на Мицкоски со што се прави обид лидерот на СДСМ некако да се одржи поврзан со аферата „Рекет“ до избори, посебно по последните сведочења и снимки во судот кои не одат во корист на оваа теза.

Јавноста е изложена на засилен говор на омраза речиси пред секои избори, независно дали станува збор за претседателски , парламентарни или локални. Анализите покажуваат дека ваквите поединци кои во име на патриотизмот сеат омраза сериозно им наштетуваат на партиите и создаваат негативна клима за реализација на избори односно може да се намали излезноста. Негативната реторика се заострува во обид да се оцрни политичкиот противник но во екстремни случаи како овој треба да реагираат институциите. За културата на однесување на политичките партии редовно се огласува Хелсиншкиот комитет кој повикува на етика на комуникација и соодветен одговор од институциите за решавање на проблемот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев