Жерновски: Урнатата куќа е приватна сопственост, а ДУП-от е од 2012

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски се огласи по критиките на социјалните мрежи за уривањето на една од најстарите градски куќи во Скопје. Еве што напиша Жерновски:

Секогаш подржувам издржана критика, но не и неоснована и непроверена.

Деновиве, преку социјалните мрежи, се појавија токму такви, неосновани критики, кои се базираат на непроверени информации .

Се работи за рушењето на една од најстарите градски куќи во Скопје.

Најискрено жалам за ова, но тоа е куќа во приватна сопственост, која е купена од “Настел”.

Куќата, со одлука на Министерство за култура, е ставена под заштита на државата, но со измените во ДУП во 2012 година, потенцирам- во 2012 година, изгласани од поранешното општинско раководство, Управата за заштита на културното наследства не ја означила куќата како споменик на културата, и на истата има дадено можност за градба. Наведениот инвеститор ја урива куќата, која сега е негова приватна сопственост.

Ова го нагласувам, бидејќи авторите на тие критики пишуваа дека општина Центар ја руши куќата.

За сите други детали, секој може да дојде и да се информира во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел