Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Од:

Како вчера да беше тоа горчливо чувство во нашите утроби кога ја слушнавме Гордана Јанкуловска како ја кажува вистината за начинот на кој таа и нејзината партија раководеа и владееја со Министерството за внатрешни работи, односно кога ВМРО и МВР функционираа како едно, напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.

Не помина многу време оттогаш, додава тој, за да сфатиме колку брзо можат истите злобни духови од минатото да се вратат на истото место.

– Можно ли е во самата ДНК на партијата да е потребата од злоупотреба на државните институции за свои партиски цели? Како е возможно за толку кратко време да се случат низа на скандали, чиј крај не се ни гледа? Завчера беше „отсјајот” од рацете на телохранителите на Мицковски, вчера беше упадот во магацинот на Заеви од каде се донираат хуманитарните пакети, денес е скандалот со снимање спот со педесетина полициски возила, пишува Жерновски.

Сите тези, посочува тој, дека Министерството, односно партијата се грижи исклучиво за здравјето и безбедноста на граѓаните паднаа во вода.

– Сред пандемија и полициски час да ги повлечеш возилата и полициските службеници, да ги оставиш улиците на Скопје празни и небезбедни за да си снимаш реклами пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без никакви дилеми е штетен и суициден потег за кој мора да се одговара, наведува Жерновски на ФБ.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он