Жерновски: Зоштo ВМРО-ДПМНЕ не праша кој и како ја испразни касата на Центар?

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Aндреј Жерновски, преку соопштение вели дека е свесен дека за време на мандатот ке биде цел на оркестриран напад од власта и од медиумите под нејзина контрола.

„Од друга страна, истата таа власт мора да разбере дека ништо нема да ме поколеба, бидејќи добив поддршка од граѓаните за да го направиме животот на жителите на Центар подобар и да се справиме со градежната мафија.И се допаѓало или не на власта, и на тие околу неа, сакам уште еднаш јасно да порачам, дека општина Центар нема веќе да биде ничија партиска филијала“, вели Жерновски.

Ги праша ВМРО-ДПМНЕ каде биле и зошто не реагирале на изјавата дека касата на најбогатата општина е празна, благодарение на „домаќинското“ работење на претходниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ? Прашува зошто не побараа одговорност како е испразнета касата?
Зошто не реагираа на изјавите на авторите на скулптурите од „Скопје 2014“ дека земале многу помалку пари од она што министерката за култура и поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ го наведоа во таканаречениот отчет? Во чиј џеп се слеа разликата во парите?

„ВМРО-ДПМНЕ бара имиња, но на секој граѓанин му е јасно дека институциите во државата, за жал, функционираат исклучиво по партиска директива. Ако сакаа имиња и да постапуваат по нив, нека обелоденат кој е нарачателот и извршителот на случајот „ Пустец“. Тогаш понудивме и имиња на лица кои пред неколку месеци добија лични карти,и адреси каде се сместени по 60-тина лица, и адреси на станови на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде спротивно на Законот беа сместени овие лица. Ниту МВР, ниту судството, ниту обвинителството до сега немаат реагирано“, вели Жерновски.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел