Жерновски во возвратна посета на „One Love Tour“ фестивалот во Софија

Од:

Денес, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски во Софија беше гостин на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Причина за посетата беше фестивалот „One love tour“, настан на културата и традицијата, кој е многу повеќе од музички настан, претставува мисија за приближување на Македонија и Бугарија.



Овој фестивал се оддржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, како и со покровителство на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандукова.



„Создаваме нови мостови на пријателство со Бугарија“ кои започнаа да ги градат премиерите Заев и Борисов, рече Жерновски при посетата на Софија, надоврзувајќи се дека заедно испишуваме извонредни и историски моменти за двете земји, за регионот, за ЕУ.



„Република Македонија повеќе нема отворени прашања со своите соседи. Советот на шефови на држави на Европската унија во своите заклучоци силно ја поздравува Спогодбата со Грција и потенцираше дека, заедно со Договорот со Република Бугарија, денес Република Македонија претставува пример во регионот за зајакнување и развивање на добрососедските односи,“ потенцираше Жерновски во Софија.


Упати силна благодарност за министерката за надворешни работи Екстерина Захариева, која во Луксембург на Советот на министри за надворешни работи, силно лобираше за Република Македонија. „Така треба да изгледаат и делуваат вистински соседи и пријатели. Тоа е тој нов дух на Балканот за кој зборува цела Европа. 
Сакам да ве уверам дека ќе продолжиме по овој пат“ заклучи Жерновски, при неговото учество на фестивалот „One love tour“ во Софија.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил

Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата

А1он

(ВИДЕО) Златна треска во Бугарија: исчезна сеф со милиони и злато – приморски град под полициска опсада

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Бугарите ќе играат финале на светско првенство

А1он