Жерновски во СЈО, почнува расчистувањето на контроверзниот проект „Скопје 2014“

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник, 26.07.2016, е повикан во Специјалното јавно обвинителство.

Жерновски ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“. Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект “Скопје 2014“.

Веднаш по доаѓањето на градоначалничката функција, по налог на Жерновски, изработени се два ревизорски извештаи. Врз основа на документи и докази, констатирани се низа неправилности и кршење на закони, неколкукратно поскапо платени споменици, криминални тендерски постапки. Целиот материјал и извештаите беа доставени во Јавното обвинителство пред три години.
Обвинителството побара дополнителни докази, што веднаш беше сторено од општина Центар.

Од тогаш, Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска. Градоначалникот Жерновски се надева дека со формирањето и работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект „Скопје 2014“.

За овој контроверзен проект, СЈО има оформено предмет.

Би можело да ве интересира

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

СДСМ: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања