Жерновски: Судство по мерка на Груевски на генерален реизбор

Од:

Градоначалникот на општина центар Андреј Жерновски, по денешното непојавување во суд на екс премиерот Никола Груевски за случајот „Шамари и демолирање на општина Центар“, вели дека е неопходен генерален реизбор во судството.

Еве што напиша Жерновски:

Груевски со далечински управувач го управува судството и обвинителството.

Сваровски судиите и платените обвинители се под негова комплетна контрола. Затоа власта во заминување се однесува како што сака. По сопствена желба и потреба, Груевски се појавува на рочишта, менува судии, врши притисок врз СЈО, не признава докази. Ваква контрола врз судството не смее да се повтори и токму затоа ослободувањето на судството треба да е приоритет број еден на следната Влада.

Првиот случај за насилството во општина Центар ни открива како ќе се водат сите постапки отворени од СЈО. Јасно ни демонстрира во која мера може да се манипулираат и одложуваат процесите. Со вакви инсталации во системот, со чесни исклучоци, тешко дека насилниците ќе одговараат онака како што заслужуваат.

На Македонија и’ е неопходен генерален реизбор на судии и цврсти механизми за спречување на контролата и влијанието врз судството. Поматамошното опстојување на Груевски на политичката сцена ја носи земјата во уште поголеми проблеми.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните