Жерновски: Сител да се извини за клеветата, во спротивно ќе поднесам тужба

Од:

Синоќа ТВ Сител бомбастично најави дека некаков си нов скандал ја тресе општина Центар.Но вистинската вест требаше да гласи „ Нова лага од кујната на ТВ Сител“.

Барам вечерва, ТВ Сител, во истиот термин, во централната информативна емисија да се извини за клеветата, искажана на вестите.

Доколку не се извини ќе ја тужам новинарката потпишана зад текстот, уредникот и медиумот.

Иако мое мото е слобода на новинарството, ова што го прави оваа куќа е најмалку новинарство.

ТВ Сител во вчерашните вести објавува дека : „Недели наназад бесправно се уништуваат спортски објекти кои се во надлежност на општината,за луѓе блиски до градоначалникот Жерновски да можат без документација и дозвола да изградат дискотеки“.

Навистина зачудува до каде оди дрскоста, непрофесионалноста и лагата?

Сител, ударно, како што им е наредено од партискиот штаб, бомбастично ја објавува оваа информација еден ден откако дел од провладините медиуми ја лиферува истата вест. Веднаш реагиравме со соопштение во кое кажавме за што точно се работи. И нормално, во медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не се објави ни збор. И синоќа Сител не кажа ниту збор од соопштението, само констатираа дека од Центар молчат.

И бидејќи никогаш не молчиме и нема да молчиме, еве ја вистината, поткрепена со документи.

Посочениот жител, кој откако им даде документи на едни медиуми, со задоцнување тоа го стори и со Сител, поднесе пријава на 13.05.2013 до општината и градоначалникот и бара да се постапи и да се прекине уништувањето на базените и спортските објекти, реагира градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Тој рече дека овластениот градежен инспектор на општина Центар, за што може да се  види од документот, веднаш по извршениот инспекциски надзор, издал решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да го отстрани објектот , да престане да врши реконструкција со пренамена на објектите околу базенот и самиот базен и земјиштето да го врати во првобитна положба.

За истото е запознаено веднаш и Министерството за транспорт и врски. Очекувавме Министерството, експресно, како што тоа го прави кога се работи за други случаи и ситуации, да потврди дека е известено од Наша страна за сите преземени, навремени и законски чекори.Но Министерството, или не ги чита дописите или како продолжена рака на партијата испраќа соопштение со кое бара нешто за што во нивната архива стои дека го добиле.

Воедно, ги охрабруваме сите граѓани, доколку забележат некаква неправилност, веднаш да се јават во општина Центар, вели Жерновски.

zapisnik-andre

zapisnik-andre1 zapisnik-andre2

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел