Жерновски: Политичкиот земјотрес за ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе биде во март 2013-та

Од:

„Од оваа преполнета сала на Груевски му е пожешко. Стравот се победува во Македонија. Од ден на ден го разбиваме стравот кои тие го наметнаа“, рече на трибината во Битола, лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Има една Македонија која ја даваат на нивните реклами, но има и една сиромашна и понижена македонија, рече Жерновски.

Први сме, рече по стапка на сиромаштија, бесперспективност, по индекс на мизерија. За „Скопје 2014“, странските медиуми кажуваат дека е најголема пералница на пари, проектот сега чини неверојатни 350 милиони евра, три дрвца чинат 250 илјади евра. Тие , посочи Жерновски, се викаат Вера, Надеж и Љубов, и прво се исуши врбата која се викаше Надеж.

Политичкиот земјотрес во Битола за ВМРО-ДПМНЕ , прогнозираше во Битола ќе биде во март 2013 година. Ги пренесе ставовите на граѓаните дека треба 4-те партии од „За демократска Македонија“ да ги заборават идеолошките разлики и да работат заедно за уривање на власта на Груевски.

 

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови