Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, регира на денешната одлука на 5-те уставни судии да му дадат можност на претседателот на државата да ги амнестира фалсификаторите на изборната воља на граѓаните и осомничените и осудените за тероризам, педофилија и изборен криминал. Еве што напиша Жерновски:
Груевски спрема амнестија преку неговиот последен инструмент- уставните судии.
Со ваквиот потег, тој практично си пресуди уште пред официјалниот старт на истрагата. Има ли од ова поголемо признание за сторениот фалсификат на локалните и парламентарните избори?
Но, позади оваа јасна намера на Груевски, се крие нешто многу поопасно. Доколку дозволиме ваквата измена да стане реалност, со што безгласниот и безличен Ѓорѓе Иванов ќе добие можност да помилува осуденици за изборни измами, тоа несомнено значи дека Груевски се спрема за фалсификување и на следните избори.
Без никакви дилеми, ова е директен упад во пржинскиот договор. На овој начин, Груевски однапред си ја обезбедува слободата за себе и своите соработници, за да може најрелаксирано да спроведе уште едни нелегитимни избори.
Со ваквата измена, исто така, ќе се обезбеди слобода и за фалсификаторите на изборите во општина Центар и за осомничените во “Титаник”.
Ги повикувам сите засегнати страни, граѓаните и меѓународниот фактор, силно да се спротивстават на ваквата одлука.
Не смееме да дозволиме Груевски и криминалците да се самоамнестираат.