Жерновски-Ле Роа: Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Македонија

Од:

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, денес се сретна со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година, кој важи за голем пријател на Македонија.

Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на дискусија помеѓу двајцата соговорници.

Жерновски истакна дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина. Воедно, тој наведе дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел , членство во ЕУ и во НАТО.

„Особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во Европската унија не обединува по етничка линија и тоа не прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме после 30-ти септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите,“ потенцираше Жерновски на состанокот.

Тој информираше за реализираните реформи како и сериозните напори кои Владата ги презема во насока на отпочнување на преговори со ЕУ во 2019 г. и за членство во НАТО.

Амбасадорот Ле Роа упати силна поддршка за претстојниот Референдум, како предуслов за нашето конечно интегрирање во НАТО и ЕУ. Официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија, нагласи Ле Роа на состанокот.

Македонија останува цврсто на својата одлука да стане полноправен член на европското семејство и членка на НАТО алијансата, што ќе биде од заемна корист како и ќе придонесе за целиот просперитет и стабилност на регионот.

Би можело да ве интересира

Сар: Макрон не е добредојден во Израел сè додека Франција има намера да ја признае Палестина

Сар: Макрон се обидува да се меша во конфликт на начин што е надвор од допирот со реалноста

Франција се подготвува за војна со Русија, здравствените власти се подготвуваат за голем број ранети

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во Марсеј: Полицијата уби маж, извикуваше „Алах Акбар“ и повреди неколку лица со нож

Горан Наумовски

Автомобил удри во група луѓе во Франција, еден загинат и неколку повредени

А1он

Корсија: Никој не може да се согласи со Нетанјаху