Жерновски: Договорот е храбар и визионерски потег

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил го поздрави потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Еве што напиша:

Храбар и визионерски потег
Вресоци и пискотници се слушаат од опозициските грла овие денови. Откако се најдоа во чудо дека договорот ќе биде потпишан и истиот е добар и корисен за Македонија, се дадоа на креирање хистерија. Најсмешното што го прочитав е дека ова бил „капитулантски договор“, односно дека Македонија ќе капитулирала.
Македонија не само што нема да капитулира, туку ќе ја зајакне својата позиција.
Македонија од денес ќе биде чекор поблиску до ЕУ и НАТО со еден сојузник повеќе. Но не било каков сојузник, туку и сосед. А тоа на историски оптоварениот Балкан има посебно значење и посебна порака.
Македонија од денеска ќе отвори пат за интензивирање на трговската размена и економски бенефит. Се отвара простор за брзо инфраструктурно поврзување и конечно отварање кон соседите. ВМРО-ДПМНЕ се изгуби во своите политики. Политиката на креирање страв и непријатели веќе никого не го интересира. Она што ги интересира граѓаните е конечно поместување од мртвата точка на која предолго не остави Груевски. Граѓаните сакаат спокој, мир и економски продперитет, а не закрвавени пораки на поделби и лажен патриотизам. Македонија мора да ги затвори сите отворени прашања и да чекори храбро напред. А што е најважно, токму тоа и го прави. Премногу години се изгубија, премногу луѓе си заминаа од Македонија.
Утрешниот Илинден, после долги години, ќе го славиме во духот на илинденците, слободни и со визија за подобра иднина.
Премиере, честитки!

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Нови детали за договорот меѓу САД и Иран: Наместо воени репарации, подготвен е огромен фонд

Нацрт-договор меѓу САД и Иран: Отворање на Ормускиот теснец, укинување санкции и ограничување на нуклеарната програма

A1on