Жерновски до МВР: Зошто штитите дивоградба во Крњево?

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска повторно писмено го извести министерот за внатрешни работи, дека МВР не овозможува асистенција за отстранување на дивата градба во нас. Крњево, на улица 172.

Решението за остранување на оваа дива градба е донесено минатата година и повеќе пати е барана асистенција од МВР, но досега одговор од МВР нема.
Министерството за внатрешни работи не одговори ни на вчерашниот телефонски повик од градоначалникот Андреј Жерновски и барањето негова ургенција да се постапи по решението.

Градоначалникот Жерновски посочува дека врз основа на член 173, став 4 од Законот за градење, изјавената жалба на инвеститорот против првостепеното решение со кое се наредува отстранување на градбата која се гради без одобрение за градење, не го одлага извршувањето на решението.

Градоначалникот на општина Центар, како што неколкупати изјави, нема да толерира дивоградби на територијата на општината и прашува дали МВР во овој случај ја штити дивоградбата во Крњево.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел