Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски бара оставка од министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Еве што напиша Жерновски: Само едно не ми е јасно- како можеш да се слушаш на снимкиве и се’ уште да не си дадеш оставка?!? Како можеш, после се’, пак да глумиш чесен министер за внатрешни работи? Имај барем малку достоинство, за твое добро и за добро на државата. ОСТАВКА ВЕДНАШ !!! Реакцијата на Жерновски доаѓа по објавувањето на, како што рече Зоран Заев, изборните измами, фалсификат, притисоци на изборите, особено на гласањето во Центар.Објавени беа снимки со закани до администрацијата во Центар, дури и ако ставале лајкови на постови од Жерновски.