Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја подржува иницијативата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија „Го сакам ГТЦ“.
Жерновски е против поставување на барокна фасада на објектот на Градскиот трговски центар, поради зачувување на автентичноста на еден од симболите на Скопје.
ГТЦ, проектиран од професорот Живко Поповски е едно од најзначајните дела на модерната македонска архитектура, а Поповски се смета за најзначајниот повоен македонски архитект.
Жерновски се залага, за интервенцијата да има јавна расправа со архитекти и со граѓаните на Скопје.
И тој, како и Асоцијацијата бара Градскиот трговски центар да остане градски.
Андреј Жерновски вечерва ќе биде дел од големата прегратка околу објектот.