Жерновски: Да не се плаши Груевски дека ќе го стигне правдата на Катица Јанева?

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски вели дека избори без опозиција, не може да има. Избори со фиктивна опозиција, не може да има.

Еве што напиша Жерновски:

zernostatus

На голема мака се наоѓаат Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти. Тие треба да се одлучат за едно од двете можни сценарија: или повторно да ретерираат од претходно и многу тврдо поставениот став, или, пак, самостојно да одат на избори и, со тоа, да ја втурнат земјата во крајно сериозна криза.

Од самиот почеток на оваа политичка криза, една работа не ми е јасна. Имено, Груевски, преку своите новинари и медиуми, постојано тврди дека има двојна предност пред СДСМ. Зошто тогаш се плаши од фер и демократски избора? Зошто брза? Да не се работи, всушност, за нешто друго… Да не се плаши дека ќе го стигне правдата на Катица Јанева? Се плаши ли дека народот, со секој нов ден, се’ повеќе му го врти грбот? Не е можно дека се сомнева во “својата програма и реализирани проекти”.

Одговорот е еден и очигледен. Него му е многу јасно дека полека, но сигурно, крајот доаѓа. Во вакви услови, не се сомневам дека помислува на најлошото сценарио, а тоа е да распише избори и да оди сам против сите, свесен дека таквиот избор би значел длабока криза и голем ризик за иднината на земјата.

Сакам јасно да му порачам дека тоа не е и не смее да биде опција. Избори без опозиција, не може да има. Избори со фиктивна опозиција, не може да има. На Македонија и’ се неопходни фер и регуларни избори и од тоа не смееме да отстапиме. Се’ додека не се исполнат условите за такви избори, тој ќе ја нема поддршката ниту од домашната, ниту од меѓународната јавност.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов