Судијата Андреј Димовски во судницата и посочи на ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева дека за неа нема материјален доказ дека земала пари од Јордан Камчев или дека истите ги барала. Ова се случи додека Јанева се обидуваше да докаже дека реченицата „Се ќе биде океј“ објавена и јавно, за случај каде Орце Камчев бил испитуван во СЈО во својство на оштетен, а не на во својство на осомничен.
„Кога првпат доби покана од СЈО да даде исказ и во кое својство?“, а Камчев кажа: „Ниту еднашка од трите пати кога бев спроведен од истражното одделение во СЈО, не сум добил покана, туку првиот пат бев однесен во работни часови, а вториот и третиот пат во доцни попладневни часови“.
Катица Јанева: „Објаснете му на судот кај кој обвинител бевте однесени“, а Камчев кажа: „Првиот пат беше бев кај Лиле Стефанова и истражител. Вториот и третиот пат од затворот ‘Скопје’ во доцните часови во присуство на Лиле Стефанова и Катица Јанева“.
Александар Михајловски, адвокат на Камчев рече: „Да ја потсети дека не е повеќе обвинител, не може така да постапува и поставува прашања“. Катица Јанева кажа: „Ме интересира да знам кога сум му кажала да ги исплати парите на Боки“.
„Жената лута“, врати Камчев и додаде: „Таа ги меша настаните. Едно е кога потврдувала, кога бев во домашен притвор. А јас кажувам кога од затвор ме однесоа во СЈО. Катица Јанева јадеше мекици и сирење во просторијата, ако треба да кажувам детали. Тогаш не ми побара пари од Јанева и не ми зборуваше за Боки“.
„Кога беше во куќен притвор, дали беше повикан да дава исказ како оштетен, а не како сведок“, праша Јанева и додаде: „Бев повикан во својство на сведок, но не од домашен притвор туку од затворот Шутка“.
Јанева постави потпрашање: „Дали во тој предмет каде беше повикан како оштетен, бев и јас присутна?“, а Камчев одговори: „За тој предмет бев двапати во Обвинителство, со двајца обвинители. А во едниот случај кога бев повикан, влезе и Катица Јанева во просторијата, се поздрави со сите и замина“.
Јанева праша: „Дали е точно дека во Стопанската банка АД Битола даваат плата од 40.000 денари на чистачката за да можат да си ги плаќаат хипотеките, каде што е пералницата на пари? Повеќе плата од службениците и во судот“, по што му рече на судот: „Слободно одбијте ми го прашањето“ Судијата Андреј Димовски кажа дека за неа ниту во пресудата за „Рекет“ ниту сега, нема доказ дека земала или барала пари од Камчев. По ова, Јанева истото го потврди: „Никојпат немало ниту контакт, договор, разговор“.
Адвокатот Александар Михајловски, кој го застапува Камчев, бараше половина час пауза, судијата дозволи само десет. Катица Јанева низ смеа искоментира: „Нема цел ден да седиме со Камчев во судница, ние доаѓаме од затвор“.