Педесет и седум годишна жителка на Врапчиште, гостиварско е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи околу 11 часот на регионалниот пат Маврвови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот манастир.
Во сообраќајката учествувале „Рено-Кангу“ со гостиварски ознаки и „Опел-Зафира“ со турски регистерски ознаки.
Според информациите на СВР Тетово, сопатничката во Реното Р.Е. се здобила со потешки повреди на ’рбетот по што била пренесена на Скопските клиники, додека возачот З.Е. (60) имал повреда на една рака. Во „Опелот“ во кој покрај возачот А.О. (65) имало и шест патници, само две лица имале полесни повреди, кои откако им е пружена медицинска помош во Гостиварската болница, се пуштени на домашно лекување.
Екипа на СВР Тетово по овластување на јавен обвинител, извршила увид и се работи на утврдување на причините кои довеле до несреќата.