Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Од:

Жители на скопска Железара, кои минатата недела протестираа против секојдневното дивеење на несовесни возачи на оптоварената улица „Коце Металец“, најавија секојдневни протестни собири во населбата, кои ќе започнат утре.

Протестот почна откако на улицата загина 45-годишна жена, која беше прегазена од возач кој возел со голема брзина по тесната, а фреквентна улица. Граѓаните, меѓу другото, бараат да се постават семафори и лежечки полицајци на секој пешачки премин, но и да се изгради одамна ветуваната обиколница покрај фабриката Железара, која би ја растоварило улицата „Коце Металец“.

„Протестот на револтирани граѓани продолжува.Најавен е од Вторник до Петок 20.07,21.07,22.07 и23.07.2021 од 16.30-18часот пред црвените згради. Ова е протест против СООБРАЌАЈНОТО ДИВЕЕЊЕ кое го одзеде животот на уште една наша сограѓанка, Биљана Зафировска. Нејзиниот живот беше одземен во една секунда…Ова не е единствен случај и не сакаме да биде уште еден заборавен случај. Жителите на населба Железара се чувствуваат многу небезбедно. Фреквенцијата на улицата Коце Металец е како на булевар, а возењето е како на писта. Повод за протестот беше овој немил настан, а причината постои одамна. Бараме од општината Гази Баба, градот Скопје и сите надлежни институции да се отпочне со решавање на барањата и решавање на долгогодишните проблеми. Бараме само населбата да почне да функционира пред сѐ безбедно, како една урбана населба“, велат организаторите на протестот.

Нивните приоритетните барања се:
1. што побрзо со поставување на семафори таму каде што е потребно и изводливо
2.легнати полицајци на секои 100 метра започнувајќи од угорницата горе пред пешачкиот и на сите наредни пешачки премини
3.редовни полициски контроли со радари и поставување на камери,4.правење на мал кружен на излезот накај Бутел на спојката на ул.Коце Металец-ул.Гемиџиска и да се реализира долгонајавуваниот план стар 50 години за изградба на обиколница Автокоманда –Бутел (брз пат или Булевар Хрватска) покрај фабриката Железара, која ќе го растовари сообраќајот и хаосот што се случува секојдневно на ул.Коце Металец и дивеењето од несовесните возачи.

„Мораме да напоменеме дека и покрај нашите покани до сите одговорни на општината и градот никој не најде време и начин да го слушне гласот на народот. Ова е иницијатива која не е политички обоена туку е со цел да не има повеќе со свои предлози и идејни решенија за што побрзо решавање на долгогодишниот проблем“, се вели во сопштението од иницијативниот одбор на револтирани граѓани од населбата Железара.

Би можело да ве интересира

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Убиство пред Поликлиниката Железара во Скопје: Доктор избоден со нож

Орце Костов

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат