Желби од Катругалос до Пендаровски за успешно вршење на должностите

Од:

Желби на грчкиот државен врв за успешно вршење на должностите во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа му пренел министерот за надворешни работи на Грција на новиот претседател, Стево Пендаровски, како што самиот Јоргос Катругалос објави на неговиот Твитер-профил.

-На новиот Претседател на Северна Македонија, на господинот Пендаровски, му ги пренесов желбите на државното и политичкото раководство на нашата земја за успешно вршење на неговите должности во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа, напиша Катругалос на Твитер и објави фотографија со претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски