Жбогар: Законот за јазиците ќе ги подобри односите во земјата и ќе ја врати реформската агенда

Од:

Донесувањето на законот за јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, е оценка на евроамбасадорот Самуел Жбогар, подвлекувајќи дека ЕУ се оптимисти во спроведувањето на законот.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија одговарајќи на новинарско прашање околу законот кој минатата недела беше донесен во Собранието појасни дека меѓуетничките односи во мултиетничките општества треба константно да бидат негувани и да растат со што се подобрува климата на соживотот во едно општество.

– Јас разбирам дека законот за јазиците е важен за Албанците и тие го гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Донесувањето на овој закон за Албанците е од важност бидејќи така се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја, рече Жбогар.

Според евроамбасадорот во случај кога правата на една, немнозинска заедница се подобруваат тоа не би требало да им пречи или да се меша со правата на мнозинската заедница.

– Мислам дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на кој било начин нејзините права се загрозени. Чувствувам дека кај мнозинската заедница постои таков страв. Ние како ЕУ одблиску го следевме донесувањето на законот за јазиците и очекуваме тој да биде испратен до Венецијанската комисија, како впрочем и беше наведено во планот 3-6-9. Се надеваме дека овој закон ќе започне со имплементација и целосно почитување на европските стандарди и европските позитивни практики. Секако, очекуваме и дека имплементацијата ќе биде почитувана од сите чинители во општеството и во близок дијалог, подвлече амбасадорот Жбогар.

Тој очекува законот за јазиците да стапи во сила поскоро, со што, како што нагласи, ќе им се даде простор на Собранието и Владата да се фокусираат на европската агенда, која треба да биде приоритет.

Би можело да ве интересира

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

Османи до Жбогар: Сите административни капацитети во функција на реформите за членство во ЕУ

Ана Ололовска

Спасовски до Жбогар: Ви благодариме за посветеноста во приближувањето на нашата држава кон ЕУ

Ана Ололовска

Жбогар одржа прием по повод неговото заминување

Ана Ололовска

Жбогар на проштална средба со Џафери во Собранието

Жарко Настоски