Спасовски до Жбогар: Ви благодариме за посветеноста во приближувањето на нашата држава кон ЕУ

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар, при што му се заблагодари за неговиот ангажман и посветеност во процесот на приближување на нашата држава кон Европската Унија.

– Министерот Спасовски ја изрази посветеноста на реформската определба Министерството за внатрешни работи да стане ефикасен сервис на граѓаните и за имплементирањето на европските вредности во секојдневното работење. Во тој процес од особена важност е поддршката што ја добиваме преку ИПА фондовите и која придонесе кон зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и за безбедноста на државните граници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека Жбогар му го честитал повторниот избор на Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи и ја изразил својата благодарност за успешната соработка во изминатите четири години.

– Од негова страна беше изразено големо заводолство што беше дел од тимот кога во нашата држава се преземаа големи реформски процеси, како што се воспоставувањето на Агенцијата за национална безбедност согласно европските стандарди и имплементацијата на новиот модел за следење на комуникациите преку воспоставувањето на Оперативно техничката агенција, посочија од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи