Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО

Од:

Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета мбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото.

– Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО покажува дека има напредок и тоа е добро, изјави Жбогар денеска во Слатино.

Во изминатите неколку години, како што посочи, СЈО навистина напорно работеше и заврши многу добра работа, работеше на градење судска пракса за случаите на корупција и многу добро ги проследи кривичните дела кои произлегоа од прислушуваните разговори.

-Таму работат инзвонредни правници и истражители. Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат на утре ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство, рече Жбогар.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов