Жбогар и Жерновски: Чекориме заедно со младите европјани

Од:

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, вечерва се обратија на завршната церемонија на Младинскиот самит Скопје, што се оддржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка, Романија.

Жерновски и Жбогар го оценија Самитот како клучен младински настан во регионот и одлична можност да се промовира демократското единство кое го зајакнува про-демократскиот дискурс и убедувања меѓу младите во Западен Балкан и пошироко, дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество низ светот, соопшти МНР.

– За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат, истакна Жерновски.

Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската унија, Жбогар и Жерновски нагласија дека Декларацијата што ја усвоија учесниците на Младинскиот самит го потврдува зрелиот пристап на младите кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет. Според нив, тоа е и доказ дека младите се целосно ангажирани за нивната иднина, која ќе биде зачувана само ако со заеднички напори се обезбедат демократски општества засновани на мир, слобода, правда и почитување на човековите права.

Жерновски ги нагласи визиите, заложбите и чекорите на Владата, насочени кон Европската Унија и нејзините вредности, а со тоа и кон подобрување на животот на граѓаните во еден слободен и демократски политички амбиент.

– Секогаш упатуваме јасни пораки дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Ние немаме друга алтернатива освен подобар живот за граѓаните, а сите знаеме дека евроатлантските интеграции одат паралелно и заедно со реформите, со унапредувањето на сервисите за граѓаните и со економскиот раст. Во исто време, ниту едно искушение или предизвик не може да не оттргне од европските вредности како што се солидарноста, еднаквоста и правичноста, порача Жерновски.

Би можело да ве интересира

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски