Жбогар до охриѓани: Вашите предци не ви ги оставија Охрид и Охридското Езеро за да ги уништите

Од:

Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар му даде поддршка на градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски во справувањето со дивоградбите во Охрид. Тој упати и апел до жителите дека предците не го оставиле Охридското Езеро за тие да го уништуваат. Евроамбасадорот посочи дека справувањето со нелегалните градби ќе покаже дали има владеење на правото.

„Во Охрид сум за да помогнам самиот град да го задржи статусот на УНЕСКО, меѓутоа и да се заштити тој статус т.е. Охридското Езеро. Јас разбирам и гледам дека има поединци во Охрид и околината на градот кои што не се грижат за статусот УНЕСКО кој градот ги има, туку на прво место им се приватните интереси. Верувам дека мнозинството од граѓаните во Охрид навистина се грижат за зачувување и заштита на Езерото за идните генерации. Вашите предци не ви го оставија градот Охрид, ниту Охридското Езеро за вие да го уништите, туку да го оставите за идните генерации. Јас разбирам дека има луѓе во Охрид кои веруваат дека УНЕСКО статусот не донесе никаква дополнителна вредност за градот“, кажа Жбогар.

Евроамбасадорот очекува градоначалникот и Општина Охрид да го спроведуваат законот и да ги отстранат нелегалните градби.

„Главната цел на мојата денешна посета во Охрид е да ја дадеме нашата поддршка на градоначалникот Георгиевски и општината за нивните напори да го спроведуваат законот против нелегални градби. Исто така, да ги поддржиме напорите на градоначалникот да спроведе владеење на правото. Од другата страна, прашањето на нелегалните градби и прашањето на узурпација на самите плажи е прашање кое што е поврзано директно со владеењето на правото. За нас, како Европска Унија, прашањето за владеењето на правото е една од главните вредности, една од најсветите вредности и ние во овој контекст очекуваме дека една земја која ќе започне преговори со ЕУ, да ги сподели тие вредности“, додаде Жбогар.
Тој најави и поддршка за изготвувањето на стратегијата за развој на туризмот, со чија помош жителите ќе можат да се продолжи туристичката сезона во Охрид.

„Со градоначалникот зборувавме и за неговите планови за да се изготви Стратегија за развој на туризмот. Ние како ЕУ сме спремни да ги поддржиме тие напори за да се изготви таа стратегија. Европската Унија е подготвена да помогне и во спроведување на стратегијата. Се разбира, со цел да се привлечат повеќе туристи во Охрид, да потрошат повеќе пари и да се даде друга можност за развој и продолжување на туристичката сезона кои ќе им помогне на граѓаните да живеат тука наместо да мигрираат“, потенцираше тој.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид