А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зградите на Владата и други институции вечер ќе светнат во сино за Светскиот ден на аутизмот

by А1он01/04/2019 - 08:29356
Share0

Во пресрет на 2 Април – Светскиот ден на аутизмот вечер во 20:00 часот во сина боја ќе бидат осветлени зградите на Владата, на Археолошкиот музеј, на МОБ, објектите на општините Тетово, Битола и Охрид, во знак на солидарност со децата со аутизам.

Добивај вести на вибер

Активноста е на иницијатива на Амбасададата на Република Бугарија во Скопје, а се спроведува заедно со НВО „Во моjот свет“ во соработка со Владата и со општините.

На 2 април, пак, на самиот светски ден на аутизмот деца од Бугарија, кои ќе учествуваат на фолклорниот фестивал во Охрид, на кејот покрај Охридско Езеро ќе пуштат сини балони во знак на солидарност со децата со аутизам.

Како што изјави во интервју за МИА бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, во рамки на ангажманите што ги прават како земја членка на ЕУ, ќе биде отворен и нов, втор центар за ран третман на деца со аутизам, кој ќе може да го посетуваат деца од западниот дел на државава. За овој проект се издвоени 102.000 евра

-Веќе се работи на реновирање на просториите на центарот, кој е сместен во Одделот за педијатрија во Општата болница во Охрид. Се надеваме дека до крајот на септември или октомври ќе почне со работа, рече Ангелов

Во соработка со НВО „Во мојот свет“ бугарската Амбасада го помогна отворањето на Дневен центар во Скопје во кој се згрижуваат, односно се работи со деца со аутизам во рана фаза, проект со вредност од над 100.000 евра.

autizam

Би можело да ве интересира

Вест објави дека му бил дијагностициран аутизам

Горан Наумовски06/02/2025 - 16:34

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Горан Наумовски12/12/2023 - 12:32

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on02/10/2023 - 15:4602/10/2023 - 16:12

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Катерина Ѓуровски22/08/2023 - 11:26

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска02/04/2023 - 08:29

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он01/04/2022 - 15:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен