Зголемена опасноста од пожари поради високите температури

Од:

Високите темпeратури кои се најавени и за следните денови носат зголемена опасност од појава на пожари. Во насока на превентивно делување, Одделението за јавни дејности при Секторот за економски развиј, јавни дејности и информатичка технологија во Општина Битола, ги известува и потсетува граѓаните дека е забрането палење на стрништа и оган на отворен простор.

„Огнот на отворен простор често пати не може да се контролира и лесно може да се прошири на околните шуми. Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор, или пак поади невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување на пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и законски казни.

Доколку граѓаните забележат било каква опасност од пожар, или пак запалена површина, упатуваме апел да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 – Противпожарна служба или 195 – Центар за управување со кризи“, се вели во соопштението на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот