Зголемена фрекфенцијата на ГП „Блато“

Од:

Од почетокот на овој месец забележана е зголемена фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар.

Како што информираат од Граничната полиција-Запад во обични денови границата ја минуваат по над 1.500 патници, додека во викенд и над две илјади, што се смета за историски рекордна бројка.

– Македонските државјани од Дебар, но и другите градови на Македонија во Албанија патуваат главно за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улциљ. Но исто така одат и на домашни веселби кај свои роднини и пријатели. Што се однесува до албанските државјани, тие во Македонија доаѓаат на шопинг пред се во Дебар, посебно во саботните денови кога во овој град е пазарен ден, потоа кај роднини на веслеби, но и за сезонска работа, велат од Граничната полиција-Запад.

Албанските граѓани во Дебар пазаруваат прехрамбени артикли, безалкохолни пијалаци, обувки, облека, …лекови па дури и гориво кое е поевтино во Македонија, но како што самите велат и многу поквалитетно.

Во близина на Дебар функционира и преминот за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште. Тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој работи секој ден од 8 до 20 часот односно од 8 до 18 часот според зимското работно време и е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.

Дневната фрекфенција е околу сто лица, кои главно во Дебар доаѓаат од областа Голо Брдо, заради шопинг но и тамошни жители кои работат во Грција, а од почетокот на август доаѓаат во родниот крај.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов