А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемен интересот на турските инвеститори за Македонија

by А1он15/04/2013 - 13:56139
Share0

Зголемен е бројот на турски инвестиции во Македонија, но бизнисмените од двете земји договараат уште поинтензивна соработка.

Добивај вести на вибер

Како што беше речено на денешниот деловен форум, Турција ја гледа Македонија како безбедна земја за вложување со одлични услови, а предност повеќе е и тоа што е блиска до европските земји.

– Македонија за нас е многу значајна. Дојдовме да ги детектираме полињата за соработка зашто сакаме уште повеќе да инвестираме, рече Наџи Шаки, претседател на Асоцијацијата на индустријалци од Бурса.

Туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, текстилот и градежништвото се најатрактивни за турските инвеститори.

– Во Македонија веќе дојдоа неколку силни компании од Турција, меѓу кои и „Суташ“. Во наредниот период очекуваме уште повеќе турски инвестиции, изјави министерот без ресор Хади Незир.

Според него, Владата создаде поволна клима за привлекување странски инвестиции, а турските компании тоа го препознаа поради што се зголеми нивниот интерес за Македонија.

Турција е на 10. место во вкупната размена на Македонија за 2012 година. Лани размената изнесувала 390 милиони американски долари или 6,2 отсто помалку во однос на 2011 кога достигнала 417 милиони долари. Намерата на бизнис-заедницата е овој биланс значително да се зголеми.

Како што истакнаа претставниците на домашните компании, Македонија ја гледа Турција не само како партнер инвеститор и партнер во вкупната размена, туку и како врата за освојување нови пазари посебно на Блискиот Исток.

investicii

Би можело да ве интересира

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Горан Наумовски06/09/2024 - 09:04

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ03/09/2024 - 18:3703/09/2024 - 18:44

Штипскиот регион еден од најатрактивните за инвестиции

А1он15/09/2021 - 15:14

Царовска: Инвестиции во нови градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци со грант од Светска банка

А1он16/08/2019 - 14:0916/08/2019 - 17:23

Силјановска: Владата се фали со 600 милиони, а инвестирани се само 67,9 милиони евра

Предраг Петровиќ20/03/2019 - 15:0020/03/2019 - 19:18

Дехари: Напролет инвестиции од кичевската дијаспора

Сандра Бошковска08/02/2019 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен