Силјановска: Владата се фали со 600 милиони, а инвестирани се само 67,9 милиони евра

Од:

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова од Брисел обвини дека владата ја замајува јавноста за висината на инвестициит во текот на минатата година.

„Денес сум во Брисел каде имам бројни состаноци во Европскиот парламент, Советот и во Комисијата. Моите соговорници се интересираат колку и кои компании инвестирале во Македонија минатата година. Владата се фали со наводни 600 милиони евра рекордни странски инвестиции.
Драги мои, јас решив да се кандидрам за Претседателка со цел да направам промена, да ги кажувам работите какви што се. Да внесам вистина во политиката, наместо замајување на јавноста. Да се борам за право и правда.

И затоа и на моите соговорници и Вам ви кажувам дека Владата пропушта да каже дека станува збор за рекордно НИСКО ниво на нови инвестиции откога се на власт. Ланската година се инвестирани само 67.9 милиони евра во вид на НОВИ инвестиции. Останатите 405.1 милиони евра се, всушност, РЕИНВЕСТИРАНА ДОБИВКА! И тоа од компаниите кои првично инвестирале во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Доста е со популизам! Треба да се фатиме за работа! Економијата е пред колапс, народот живее во сиромаштија и тоа не можете да го скриете со статистички манипулции. Европската Унија е заснована на економска интеграција, а без економија немаме шанса да станеме членка на ЕУ!
Апелирам до Владата: во духот на транспарентноста и отчетноста за кои декларативно толку се залагате, повелете и објавете: кои се новите инвеститори од 2018 година? Колку вложиле и колку нови работни места отвориле? Колкави се платите на вработените, вели Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции