Штипскиот регион еден од најатрактивните за инвестиции

Од:

Локалните и регионалните патишта, енергетските капацитети и расположливиот кадар, се само некои од причините поради кои источниот регион е меѓу најпрвилечните за инвестиции.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев, проекцијата на Владата е во следните неколу години да се имплементираат преку 1.500 мегавати фотонапонски централи и преку 550 мегавати ветерни електрани. Притоа, од фотонапонските две третини се во источниот регион, а 350 на локацијата на порано предвидениот аеродром.

-Позади Три чешми, на еден хектар, ќе се реализираат до 450 мегавати фотонапонски централи, а на потегот Штип – Радовиш веќе се реаговара со турска компанија за над 170 мегавати фотонапонски централи. Прво, ќе се заокружи екологијата на целиот овој регион и второ, сите инвестиции ќе бидат изведени од домашни комапнии и ќе работат жители на овој регион. Бруто домашното производство во енергетиката ќе биде создавано од обновливи извори токму од овој регион. Постојните инвеститори веќе ги најавија најновите фабрики, а има и многу нови инвеститори кои како посебно атрактивен го бираат штипскиот регион, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот на работите во филтер станицата во Штип.

Би можело да ве интересира

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Павлова-Николовска

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

Уапсени малолетници кои краделе низ Штип

Повторно земјотрес во Штип

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Горан Наумовски