Царовска: Инвестиции во нови градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци со грант од Светска банка

Од:

Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци се првите четири општини од вкупно 17-те што ќе градат нови градинки со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ресорната министерка Мила Царовска и градоначалниците на Кочани, Николчо Илијев, на Неготино, Тони Делков и на Кисела Вода, Филип Темелковски, како и овластениот преставник на градоначалникот ма Кавадарци, Митко Јанчев, Тодор Ефремов, денеска ги потпишаа договорите за грантот чија вкупна вредност само за градежните работи на четирите објекти изнесува 220.700.000 денари. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година.

– Продолжуваме да создаваме повеќе простор во градинките што е неопходен за раниот развој на децата ,кои се иднината на нашата држава. Нашата цел е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да обезбедиме 7.500 нови места во градинките. Истовремено, работиме на подготовка на проекти за останатите 13 апликации кои се избрани на првиот јавен повик и во следните неколку месеци очекуваме и со овие општини да потпишеме договори за грант, рече министерката Царовска на потпишувањето на договорите за грантовите.

Царовска ги повика општините да изготват квалитетни проекти и да аплицираат за изградба на нови градинки, бидејќи инвестирањето во раниот детски развој треба да биде приоритет на државата и на локланите самоуправи. Следниот јавен повик за доделување грантови за градинки се очекува да се распише во средината на идната година.

Oд мај 2017 до мај годинава, се наведува во соопштението, МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.

– Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Истовремено, ги јакнеме професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите во просек за 16 отсто, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он