Зголемен бројот на заразени од ХИВ/СИДА во Македонија

Од:

Регистрирани нови 26 случаи на ХИВ и СИДА во Македонија во првите седум месеци од годината. Од нив десет лица се заболени со СИДА, 16 се ХИВ позитивни, а регистрирани се и два смртни исходи од СИДА.

Ова денеска на прес-конференција го кажа началникот на одделението за ХИВ/СИДА Жарко Караџовски каде нагласи дека трансмисијата на ХИВ во 18 случаеви е преку контакт на машко со машко лице, кај шест лица е преку хетеросексуален начин, а кај две е непознат начинот на трансмисија.

– Структурата по пол на лицата со ХИВ и СИДА во 2014 година е 25 машки и едно женско лице. Едно лице  е под 19 години, 12 лица се од 20 до 29 години, десет лица се од 30 до 39 години, две лица се од 40 до 49 години и едно лице е над 60 години, истакна Караџовски.

Додаде дека СИДА-та во светски рамки според бројот на заболени помеѓу машки и женски лица изнесува 50 наспроти 50 проценти, а во Македонија е 95 отсто машки наспроти 5 проценти од женски пол.

– Градот Скопје има 16 случаи на ХИВ и СИДА што изнесува 62 проценти од сите случаи регистрирани во 2014 година. Куманово има три случаи од кои два се ХИВ позитивни и еден болен, Свети Николе два, Тетово еден, Струмица еден, Кочани два и Штип еден, појасни Караџовски.

Нагласи дека првпат до сега нема случај на пренесување на ХИВ вирусот кај лица кои што инјектираат дрога, а во период од три години не е забележан и случај на трансмисија од мајка на плод.

Во периодот од 1987 до 2014 година се регистрирани вкупно 223 лица кои живеат со ХИВ и СИДА. Од нив 177 лица се од машки пол, а 46 лица се женски. Во 2013 година изработени се 24.562 теста за дијагностика на ХИВ.

Би можело да ве интересира

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он