Зголемен бројот на пожарите во кочанскиот регион

Од:

Бројот на пожарите во Кочанско од почетокот на годината до денес е зголемен на 195 интервенции што е двојно повеќе од истиот период лани.

Најмногу пожари се регистрирани на отворен простор со опожарување на земјоделски површини, а помал е бројот на пожарите на објекти, беше истакнато на денешната прес-конференција на командирот на кочанската територијална противпоижарна единица Дејан Асов, во пресрет на почетокот на грејната сезона.

– Најголем број од интервенциите за предизвиканите пожари се регистрирани во општина Кочани 155, додека 29 интервенции во општина Чешиново Облешево и 11 интервенции во општијана Зрновци. Притоа се опожарени 275 хектари површина од шума, и нискостеблестри растенија, истакна Арсов.

Тој додаде дека неисчистените оџаци во куќите и зградите се причина за 23 интервенции на кочанската противпожарна единица и апелираше за навремено чистење на оџаците за да не дојде до пожари.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски