Зголемен бројот на починати за 3,4 отсто

Од:

Бројот на умрени лица во Македонија е зголемен за 3,4 отсто во однос на претходната година и изнесува 20.134. Повеќето се мажи, 10.523 или 52,3 отсто, на просечна возраст од 70,3 години. Просечната старост на починатите женски лица е 74,4 години што е 4,1 година повеќе од просечната возраст на умрените мажи.

dobivaj vesti na viber

Според Државниот завод за статистика, бројот на умрените доенчиња е 230 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 1,1 отсто на 100 умрени лица.

Како и во минатите години, најголем е процентот на умрени од болести на циркулаторниот систем, 59,2 отсто, кај 18,3 отсто причина за смрт се неоплазмите, со 4,2 процента се застапени ендокрините, нутритивните и метаболните болести, додека 3,9 отсто отпаѓа на болестите на респираторниот систем.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Деветмина рудари каменувани до смрт во Јужна Африка

Пејачот на „Продиџи“ имал милионски долгови пред смртта

А1он

Почина тригодишно девојче во Струга

Виктор Јованов

Човекот може да почине од самото губење волја за живот

Ана Ололовска

Истражување: Луѓето и по смртта можат да слушаат

Ана Ололовска

Во Египет осудени 17 лица на смрт поради напади врз цркви