Зголемен бројот на малолетничкиот криминал

Од:

Во 2013 година споредено со 2012 се бележи зголемување на бројот на малолетници кои дошле во судир со законот со 90 отсто на ниво на држава, соопшти денеска Миле Гиновски, претседател на Државниот совет за превенција на детско престапништво кој денеска го презентираше Извештајот за состојбите во областа на правата на децата и малолетничкото престапништво во 2013 година пред членовите на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Најалармантна е ситуацијата во Велешко каде според податоците на СВР Велес е констатиран пораст на поднесени кривични пријави за малолетни престапници за 106 отсто и на подрачјето на СВР Скопје каде оваа стапка е зголемена за 65 отсто во споредба со минатата година.

Според Гиновски, опаѓање на бројот на малолетничко престапништво се бележи во СВР Битола и во СВР Струмица. Поради тоа што е констатирано дека најслаба алка во превенирањето или во намалувањето на бројот на малолетнички превенции е комуникацијата со локалните самоуправи од понеделник тој најави средби со градоначалници на најголем дел од општините во земјата. Според него, досега се формирани 16 општински совети од кои само еден е активен, додека останатите се пасивни.

Во однос на злоупотребите на дроги, регистрирани се 20 случаи на зависници од дрога на осум, девет, 10 и 12-годишна возраст. Апелираше институциите сериозно да се зафатат со овој проблем за да се спречи злоупотребата на дроги меѓу малолетниците. Исто така, укажа на потребата од воведување нови стандарди за сместување во Домот за малолетнички престапници во Тетово.

Пратениците сметаат дека треба да се зголемат надлежностите на Советот се со цел тој да има посилно влијание во превенцијата на малолетничката деликвенција.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на оваа состојба мора да и се пристапи сериозно, дека задолжително треба сите надлежни институции почнувајќи од МВР, Образование и наука и Министерството за труд да се вклучат во превенирање на малолетничкото престапништво. Исто така ја поддржува и идејата за воведување на училишен полицаец во училиштата.

Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев имајќи ги предвид високите стапки на зголемување на малолетничко престапиштво во неколку општини, но и пасивноста на локалните самоуправи, сугерираше претставници на Советот да имаат свои настапи на локалните медиуми преку кои директно ќе им даваат совети на родителите како да пристапат кон децата и малолетниците.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа