Зголемен бројот на барателите на азил во Македонија

Од:

Бројот на баратели на азил во нашата држава годинава е зголемен при што регистрирани се 200 нови случаи.

„Република Македонија не е крајна дестинација за азилантите туку е транзит. Главно, земјите од Европската унија се крајната цел на овие лица“, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски при денешната посета на Прифатниот центар на баратели на азил во Визбегово.

„Откако ќе се стекнат со статус на право на бегалец, Република Македонија се до оној момент се додека не се расчисти соодветниот предмет, додека не се расчисти статусот на соодветното лице ние имаме обврска и обезбедуваме грижа за тие лица се додека не им се регулира постојниот статус во форма во која тие би побарале“, додаде тој.

Најмногу баратели има од Авганистан – 92, потоа Сомалија, Палестина, Еритреја, Пакистан, Палестина, Бангладеш, Сирија, Коморски острови, Косово, Ерменија, Шри Ланка, Судан, Египет, Нигерија, Тунис, Мароко.
Од 2002 година, од кога е отворен Прифатниот центар, па до денес во него биле сместени 1.330 азиланти.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска