Згасна дневниот весник „Ден“

Од:

По неполна година постоење, дневниот весник „Ден” згасна. Весникот по втор пат престана да излегува. Новинарите одбиваат да работат се додека не им се исплатат четирите заостанати плати.

Вработените вчера му поставиле ултиматум на директорот Јован Јовчевски, дека ако до 16 часот не легнат пари на сметка нема да пишуваат текстови, но наместо тоа на вработените им било соопштено дека весникот се затвора.

Дел од новинарите веќе размислуваат да поднесат тужби за исплата на заостанатите плати, бидејќи раководството признало дека нема пари.

Минатата година неколку дена весникот не се печатеше од истите причини, но откако добија плата, дел од вработените се вратија на работа. Живко Серафимовски го продаде весникот и ја смени уредувачката постава.

Тогаш за директор беше поставен Јован Јовчевски. Дел од новинарскиот кадар, по доаѓањето на новиот уредувачки тим, го напушти весникот, бидејќи никој ништо не им вети, а и се обиде да се воведе еден вид на цензура со строги проверки на напишаното.

Новиот тим ветуваше весник по европски стандарди, а никаде го нема и најавениот руски бизнисмен кој требаше да влезе во весникот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски