Земјоделците револтирани што не добија закон, опозицијата упатува на одговорност на власта

Од:

Револт кај земјоделците од односот на пратениците кон Законот за земјоделско земјиште и рурален развој.

Сојузот на земјоделците на Македонија смета дека неизгласувањето на измените и дополнувањата на Законот е на штета нај земјоделците.

„Со овие измени на Законот за земјоделско требаше да се решат неколку проблеми во земјоделството. Земјоделците кои не ги добиле субвенциите, да ги добијат, да можат да ги ликвидираат долговите кон државата, но и државата да ги ликвидира долговите кон нив.
Требаше да се зголемат за 20 отсто субвенциите на регистрираните земјоделци и ќе се овозможеше на сегашните 192.000 земјоделски домаќинства да им се приклучат нови“, рече Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци.

Сугаревски: Овие наводни замјоделци нека одат пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ да прашаат зашто не е донесен законот

СДСМ од Прилеп обвинува дека пратенците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието продолжуваат да си поигруваат со судбините на земјоделците.

Според пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, откако ВМРО-ДПМНЕ на надзорните расправи за злоупотребите и криминалот при распределбата на субвенции бил комплетно поразен, власта лицемерно постапила при носењето на законот за земјоделство и рурален развој.

„Доколку власта сакаше да го донесе законот, тогаш 16-те пратеници на ДПМНЕ, помеѓу кои Силвана Бонева, Илија Китаноски, Влатко Ѓорчев, Илија Димоски и др., ќе беа присутни во салата и ќе гласаа за законот.

Затоа сите овие наводни земјоделци кои држат пресови, слободно можат да одат пред штабовите на ДПМНЕ и таму да добијат одговор зошто законот не е донесен“, рече Сугарески.

Според него ова е знак дека власта немаше никаква намера да го донесе овој закон. Сугаревски кажа дека СДСМ предложи измени и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка. Со законот бараат да се зголеми контролата при исплаќањето на субвенциите и зголемување на транспарентноста во доделувањето на субвенции, затоа што во овој момент имало ситуации кадешто се исплаќаат субвенции на лица коишто воопшто не се земјоделци.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата