Земјоделците може да ги користат веќе извадените „трајни“ дозволи и во тридневниот карантински викенд

Од:

Земјоделците кои имаат работни обврски на нивите или фармите во нивното место на живеење, без дозволи може да се движат за време на карантинскиот викенд што почна синоќа од 21 часот. Земјоделците, пак, чии површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот во кое живеат и треба да патуваат, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, мора да имаат дозволи за движење и да ги носат со себе. Но, како што соопшти ресорното Министерство, сите претходно издадени дозволи за движење за време на полициски час кои имаат назнака „трајни“, продолжуваат да важат и во овие денови, од 4 до 8 јуни.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека целосната забрана за движење коија е во тек, важи за сите граѓани во сите скопски општини, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро. Во сите останати градови во државата, ограничувањето денеска, утре и задутре е од 16 до 5 часот наутро.

-Земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување земјоделски активности, треба телефонски да ги известат општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност, наведува МЗШВ.

Според Министерството, општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето сo коронавирусот во нашата држава, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите