Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Од:

Загадувањето во Скопје со години е проблем на сите негови жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побрзо се почне со спроведување мерки кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот – толку побрзо ќе го решиме овој долгогодишен проблем, велат од Зелен Хуман Град.

Предлагаат 6 мерки кои, како што велат треба веднаш да се спроведат и 9 кои треба да се спроведат во наредните 3 години. Според нив, со овие мерки се заокружува логична целина и тие водат кон една иста цел – одржлив развој на Скопје.

„Предложени се мерки за третман на отпадот според концептот „нула отпад“, мерки за сообраќај според превртена сообраќајна пирамида каде што се дава приоритет на најранливите учесници во сообраќајот, мерки за обезбедување енергетска независност на Град Скопје и неговите жители кои воедно се и механизам за борба против енергетската сиромаштија, како и мерки поврзани со точно лоцирање на изворите на загадување во реално време и инспекциски надзор за контрола на загадувачите.

Листата на мерки ја пративме до сите советници на Град Скопје и до градоначалничката. Целта на ЗХГ е сите заеднички да изградиме консензус по прашањето и како локална самоуправа да спроведуваме активности кои се комплементарни, логични и се темелат на најновите научни сознанија, анализи и мерења. Само така можеме да придонесеме за почист воздух во Скопје“, велат од таму.

Оценуваат дека е преголема цената во човечки животи што ја плаќаме, за загадувањето да продолжи да биде злоупотребувано за меѓупартиски пресметки.

„Сите го дишеме истиот воздух! Затоа, решенијата мора да ги носиме заедно и тие мора да се засноваат на наука, факти и непобитни докази“, потенцираат од Зелен Хуман Град.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Зелен Хуман Град поднесе иницијатива за дислокација на Цементарница Усје

А1он

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

ЗХГ: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерира трујачи

Горан Наумовски